Дилер конечно падна во рацете на полицијата - прочитајте каде ја сокрил дрогата

Во акција на гостиварската полција вчера во Гостивар е откриен дилер на херион ставен во пакувања подготвени за употреба.

Според портпаролот на СВР Тетово Марјан Јосифоски, полициски службеници од Секторот за внатрешни работи Тетово-Надворешна канцеларија за криминалистички работи Гостивар, вчера извршиле претрес во куќата на 30-годишен гостиварец, лоцирана на улица „Кеј Вардар“. Во домот бил затекнат и Ф.А, кај кого е пронајдена црна футрола за очила, која ја чувал во панталоните. Во неа имало поголема зипер кеса, со 43 мали пакувања, за која првично е утврдено дека се работи за хероин.

Во координација со јавен обвинител, Ф.А. е приведен и задржан во Полициската станица Гостивар. Во текот на денов со соодветна пријава тој ќе биде изведен пред судија во претходна постапка на Основниот суд Гостивар.

 

 

Оцени ја веста

13.09.2015 - 12:28

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа