Викендов тешка кражба во Илинден: Со колкав плен заминал крадецот

Непознат сторител извршил кражба во куќа во скопската населба Илинден, при што направил штета од 550 илјади денари.

Со употреба на погоден предмет непознат сторител во саботата насилно ја отворил балконската врата од куќата сопственост на 41-годишниот Д.С. на улицата „8“ во скопската населба Илинден, извршил тешка кражба при што одзел златен накит, 5.500 евра и два женски рачни часовници, по што го напуштил местото на настанот стекнувајќи се со противправна имотна корист од околу 550.000 денари.

Полицијата презема мерки за целосно расчистување на настанот.

 

 

Оцени ја веста

14.09.2015 - 11:24

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега