ФОТО: Сарај ќе добие уличен градски часовник

Општина Сарај ќе добие часовник од Градот Скопје. Станува збор за уличен градски часовник, кој до неодамна го покажуваше времето на минувачите во Карпош.

Часовникот е демонтиран од раскрсницата меѓу булеварот „Партизански одреди“ и „8 Септември“, поради реконструкција на булеварот и ќе и' биде подарен на oпштината, односно без обврска да го врати.

-Општина Сарај се обрати до Градот Скопје со барање за донација на градски часовници. Станува збор за часовник марка ‘ИНСА‘. Градоначалникот Коце Трајановски се овластува да склучи договор за донација со градоначалникот на општина Сарај, стои во одлуката на градските власти.

За монтирањето, приклучувањето и натамошното одржување на часовникот ќе се грижат општинарите од Сарај.

 

 

Оцени ја веста

14.09.2015 - 15:39

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега