ФОТО: Ова е „фамозното“ Ferrari со коe момчето се фалело во Македонска Каменица

Ова е лусксузниот автомобил со кој Македонецот се фалел низ Македонска Каменица. 25-годишниот Т.Ц. од Македонска Каменица си заработи кривична поради постоење основи на сомнение дека сторил кривично дело „затајување“.

Имено на 31.07. пријавениот од компанија во Швајцарија на користење  изнајмил возило Ферари со која склучил Договор за изнајмување на возилото од 31.07. – 10.08.и според договорот возилото требало да го управува  на територијата на Австрија, Швајцарија и Германија, но спротивно на договорот пријавениот возилото не го вратил во определениот рок и со истото дошол во Република Македонија и покрај тоа што немал право да го управува на територијата на Република Македонија.

 Со кривичното дело пријавениот противправно за себе го присвоил возилото кое што му било доверено на користење, причинувајќи штета на компанијата од над 70.000 евра. 

ФОТО: Курир

 

 

 

 

 

Оцени ја веста

14.09.2015 - 15:40

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега