ВМРО-ДПМНЕ Куманово: Ветените пречистителни станици уште една во низата лаги на Дамјановски

Градоначалникот на општина Куманово Зоран Дамјановски, на локалните избори во 2013 година, ветил пред кумановчани дека ќе изгради 11 мини пречистителни станици, како и канализациона мрежа со што ќе се реши проблемот на жителите од 16 населени места, но не си го исполнил ветувањето.

-Денеска сакаме да го потсетиме Зоран Дамјановски за неговото ветување за 11 пречистителни станици, ветување кое го има дадено на локалните избори 2013 година. Се работи за проект кој предвидува изградба на 11 мини пречистителни станици за еквивалентни жители од 400 до 6.000. Со изградба на овие пречистителни станици истовремено треба да биде изградена и канализациона мрежа во вкупна должина од 73 километри, со што ќе биде решен овој проблем на жителите на населените места Сопот, Табановце, Четирце, Љубодраг, Ново Село, Умин Дол, Романовце, Брзак, Агино Село, Пчиња, Студена Бара, Вакав, Скачковце, Орашац, Клечовце и Черкези. Вкупната вредност на овој проект се проценува на 530 милиони денари, велат од Општинскиот комитет на ВМРО-ДПМНЕ- Куманово.

 

 

Оцени ја веста

14.09.2015 - 16:02

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега