МЗШВ: СДСМ ќе се увери дека министертсвото работи транспарентно

Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство денеска соопшти дека поради поголема транспарентност за давање под закуп на земјоделско земјиште во државна сопственост направени се измени на Законот за земјоделско земјиште така што за секој оглас, Владата е информирана и дава согласност откако ќе биде проверен од сите надлежни институции и ќе биде во согласност со другите закони.

Пред се, се наведува во соопштението, свое мислење дава Секретаријатот за законодавство и Катастарот за недвижности на Република Македонија.

За поголема транспарентност во изборот на најповолен понудувач, стои во соопштението, се направија измени на Законот за земјоделско земјиште во делот на составот на Комисијата, со кои измени оваа Комисија е составена од членови од повеќе министерства и надлежни институции.

- Се изменија и критериумите за давање на државно земјоделско земјиште до 3 хектари во насока на давање на предност на жителите до понудените површини, односно 65 поени од можни 100 добиваат земјоделците кои се најблиску до парцелите. Додека пак, за земјиште над 3 хектари, постапката е крајно транспарентна бидејќи изборот се врши по пат на електронско јавна наддавање, така што не е можно да се направт какви било малверзации, без разлика каде ќе се доставуваат барањата, бидејќи отворањето на понудите и електронското јавно наддавање, како и досега, се врши во просториите на Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство, се појаснува во соопштението од МЗШВ. 

Огласите, се подвлекува, се уште траат и новиот заменик министер предложен од СДСМ ќе биде во можност да го следи целиот процес на јавното наддавање и ќе се увери во тоа дека МЗШВ работи на најтранспарентен начин и огласеното државно земјоделското земјиштето ќе го добијат оние понудувачи кои ќе ги исполнат условите согласно огласот и ќе понудат највисока закупнина.

- МЗШВ сака да ја информира јавноста дека се подготвува уште еден оглас за давање на државно земјоделско земјиште над 3 хектари и ќе продолжи да објавува огласи се додека има слободно земјоделско земјиште бидејќи тоа во крајна линија е во интерес на земјоделците и на државата, се вели во соопштението.

Во однос на роковите за поднесување на барањата, се појаснува дека тие се во согласност со Законот за земјоделско земјиште, така за земјоделското земјиште до 3 хектари, според Законот и во објавениот оглас траат до 30 дена, а за површините поголеми од 3 хектари, поради поголема транспарентност и подготовка на документацијата траат до 60 дена. 

 

 

Оцени ја веста

14.09.2015 - 17:02

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа