Поддржувачите на Жерновски се откажаа од него

Градоначалникот на општина Центар ја започна предизборната кампања за локалните избори во 2017-та откако се соочи со фактот дека од него се откажаа и неговите најтврдокорни поддржувачи, пишува Курир.

После се' погласното артикулирање на незадоволството од неговата импотентна работа во општината Центар и од страна на неговите довчерашни поддржувачи, Жерновски повторно се обидува преку измислување скандали да ја прикрива својата неработа и да бара оправдување за непостоењето на личен печат од неговата работа во општината во периодот април 2013-септември 2015.

Според Жерновски, загриженоста на граѓаните за измените на ДУП-от на Дебар Маало била оправдана и тој бил на нивна страна. Оваа лицемерна реторика доаѓа неколку месеци откако на истите граѓани нивниот градоначалник им смисли замена на пазарот кај Буњаковец со бензиска пумпа како врвна еколошка мерка во општина Центар, а не смее да се заборави и кога беше фатен на дело како прво ги праќа булдожерите на Водно, а после трча да го спаси Водно од булдожерите кои сам ги пратил.

Ваквите генијални идеи и херојски потези на Жерновски не се единствените негови активности за време на мандатот кој за сто дена ќе дојде до бројката од илјада денови поминати во градоначалничкото столче. За речиси илјадарката во денови на чело на општината, способниот Жерновски успеал и да молериса една цела зграда, да постави калдрма на т.н. Боемска улица со темпо од 3 коцки на ден и уште еден-два други вакви капитални проекти. Сега, свесен дека и неговите се откажаа од него, започнува со реторика во која повторно сите други ќе се криви за неговото неработење, како и со повици за мир до невладините преку кои СДСМ често праќа пораки и прави обиди за спроведување политики. 

Како што пишува Курир, неколку дена после изјавата на Никола Наумоски од „Плоштад Слобода“ дека тие како негови поддржувачи се разочарани од него, првиот човек на општина Центар вели дека сега се договорил со нив „заедно да го разгледуваат овој ДУП и сите наредни“ - иако единствената стручна експертиза која „Плоштад Слобода“ преку Никола Наумоски ја имаат со изготвување и донесување на ДУП-ови е тоа што Наумоски е братучед на Радмила Шеќеринска, познат менаџер со недвижнини во Македонија.

Жерновски на прес-конференцијата по повод измените на ДУП-от ги пласираше редовните изговори за личниот неуспех, кои секако не се кај него, туку причините се кај другите. Тој секогаш имал чиста намера и сакал да го слушне гласот на народот, работел со граѓаните, се борел за зелени површини и имал за цел да ја спречи урбаната мафија - милозливо говори за себе градоначалникот Жерновски. А кој ќе те пофали, ако не само ти самиот? 

За среќа, жителите на општина Центар беа тие кои ја спречија урбаната мафија спречувајќи го токму Жерновски да им го одземе пазарот „Буњаковец“ и да им направи бензинска. 
Токму тие, граѓаните од Центар ќе се и оние кои за помалку од две години ќе го спречат Жерновски да продолжи со изговорите дека секогаш други му се виновни за неговата неспособност која самиот ја признава.

 

 

Оцени ја веста

14.09.2015 - 17:33

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа