Летото се врати - еве што велат метеоролозите за утре

 

Времето утре ќе биде претежно сончево и релативно топло со слаб ветер од југоисточен правец. Утринската температура во земјава ќе биде во интервал од 8 до 17, а дневната од 25 до 32 степена. УВ индексот ќе изнесува 6.

Во Скопје утре времето ќе биде сончево со слаб ветер од југоисточен правец. Утринската температура ќе се спушти до 13, а дневната ќе достигне до 30 степени.

До крајот на работната недела подрачјето на Македонија ќе биде под влијание на топла и сува воздушна маса од југ, која ќе услови сончево и доста топло време за овој период од годината.

 

 

Оцени ја веста

14.09.2015 - 17:43

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега