Петмина тешко повредени - што се случувало во Скопје?

Во текот на изминатите 24 часа на подрачјето на Град Скопје од страна на сообраќајната полиција извршен е увид на вкупно седум сообраќајни незгоди.

Од нив, три се со последица материјална штета и четири се со последица телесна повреда во кои со полесни повреди се здобиле двајца возачи на патничко моторно возило, еден сопатник, еден пешак и еден велосипедист.

Во текот на вчерашниот ден од страна на сообраќајната полиција откриени и санкционирани се 10 возачи кои не ги почитувале светлосно сообраќајните знаци на крстосниците, седум возачи го управувале возилото под дејство на алкохол и истите се исклучени од сообраќај и тројца возачи кои не отстапиле првенство на минување на пешаците на обележан пешачки премин. Санкционирани се и девет пешаци кои поминале вон обележан пешачки премин или, пак, поминале на црвено светло на семафор, како и шест возачи на велосипеди со мотор, мотор и мотоцикли кои сториле прекршоци по разни основи.

Со помош на специјалното возило „пајак“ во текот на вчерашниот ден од страна на сообраќајната полиција отстранети се 37 возила кои го попречувале нормалното одвивање на сообраќајот.

За денеска нема најавено вонредни настани со што се очекува сообраќајот да се одвива тековно и според постоечката сообраќајна регулатива.

 

 

Оцени ја веста

15.09.2015 - 08:43

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега