Сите поволности на едно место: Карванот „Купи куќа, купи стан“ утре во Прилеп

Караванот „Купи куќа, купи стан”  утре ќе биде во Прилеп. Пред заинтересираните граѓани во општинската зграда проектот ќе го презентираат претставници на Министерството за финансии. На презентацијата ќе учествуваат и градежни фирми од Прилеп кои имаат понуда на станови, како и претставници од банките.

Караванот „Купи куќа, купи стан” има цел да го приближи проектот до сите заинтересирани граѓани низ Македонија.

Екипата составена од претставници од Министерството за финансии, банките и локалните градежни компании секоја наредна среда ќе посетува различни градови, како Струмица, Велес, Куманово и Тетово.

 

 

Оцени ја веста

15.09.2015 - 09:31

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега