Починале на лице место: Ова се другарите кои заедно заминаа во смрт

Трагедија го потресе Нови Пазар. Тројца другари, 17-годишниот Елемдин Тутиќ, 20-годишниот Фарис Шемсовиќ и една година постариот Мерван Џанковиќ, загинаа во неделата во страшна сообраќајка.

Како што пишуваат медиумите, трите млади момчиња со својот автомобил Мерцедес, излетале од мост и за жал починале на лице место. За животот на нивните другари кои биле во автомобилот со нив, 21-годишниот Алмир Хајровиќ и 23-годишниот Ален Шмајовќ, се во животна опасност и лекарите и натаму даваат се од себе за да ги спасат.

Трагедијата според сведоците се случила поради трка. Момчињата се тркале, се забиле во голф, излетале од патот и погинале. 

Се истражува несреќата која го потресе регионот.

 

 

Оцени ја веста

15.09.2015 - 09:40

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега