Билјана раскажа за трагедијата: Умираше бавно и болно но никогаш не се откажа

Секоја нејзина фотографија е нова приказна. Иако на прв поглед изгледа како млада, безгрижна, самоуверена девојка која животот допрва ја чека, кога ќе ја дознаете вистината, овие фотки ќе ви го скршат срцето. Мајката на Тара од Белград која веќе не е меѓу живите, се отвори и со тешко срце раскажа за храброста на својата ќерка.

- Стававме дебел слој пудра на сите дупки од иглите и модринките кои ги имаше по телото. Секој пат кога се враќавме од макотрпната хемотерапија, таа бараше да ја фотографирам, вели мајката Билјана Петрикиќ за српскиот Њузвик, барајќи приказната да не биде пренесена патетично во медиумите, бидејќи нејзината 18-годишна ќерка која веќе не е со неа откако пред две години почина од леукемија, секогаш била вистински борец кој не потклекнува и не се предава.

Таа додава дека ќерка и по сите маки, секој ден се смеела и позирала како ангел на Викторија Сикрет. Отворила моден блог, не дозволила болеста да ја бутне во животот иако со неа се борела од 16-та година.

Секоја чест за храбрата девојка која треба да биде пример за сите!

 

 

Оцени ја веста

15.09.2015 - 09:55

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега