Фатен избеган затвореник по кој трагала македонската полиција

Гостиварската полиција го пронашла и го лишила од слобода 21-годишниот Џ.И од гостиварското село Дебреше, по кој се трагало откако од средината на август годинава, не се вратил на доиздржување на казната во Казнено поправната установа „Охрид“.

Дваесет и едногодишниот Џ.И, се сомничи дека минатиот и овој месец на поширокото тетовско подрачје извршил дваесетина тешки кражби во трговски и други објекти и се соочува со кривична пријава.

- Дел од одземените предмети, ноќеска околу полноќ пронајдени се во празен објект во Гостивар. При преглед на објектот, пронајдени биле : 4 женски фустани, 3 женски чанти, 1 блуза и 1 метална кутија за накит.Пронајденото е фотодокументирано и со потврда е одземено за вештачење, изјави денеска Марјан Јосифоски портпарол на СВР Тетово.

По приведувањето и задржувањето во Полициската станица Гостивар, Џ.И денеска тој е вратен во охридскиот затвор. 

 

 

Оцени ја веста

15.09.2015 - 11:38

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега