Скопјанец се врати бесен од Грција - што му се случи?

Граничната полиција евидентираше уште еден случај на оштетување возило на македонски државјани кои летувале во Грција. 

На Граничниот Премин „Богородица“, од страна на Ј.Ч. од Скопје пријавено е дека на 6.9.2015 во туристичкото место Калитеа, му било оштетено возилото - марка „Пежо 207“ со скопски регистарски ознаки, така што на задниот багаж со остар предмет му била изгребана налепницата „МК“ и со гребење му биле напишани буквите - „SLAV“. Случајот не бил пријавен во грчката полиција, соопштуваат од МВР.

Ова е дванаесетти случај во оваа туристичка сезона каде што се оштетуваат возила на македонски државјани кои летуваат во Грција, а регистрирани се и три случаи на кражба на регистарски таблички.

 

 

Оцени ја веста

15.09.2015 - 12:47

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега