Адеми: Универзитети се подготвени за успешна академска година

 

Министерот за образование и наука Абдулаќим Адеми и ректорот на Државниот Универзитет во Тетово Вулнет Амети присуствуваа на денешната свеченост во Ректоратот на ДУТ по повод почетокот на новата академска 2015/2016 година на државните универзитети во Македонија.

Министерот Адеми им посака успешен старт на новата академска година на околу 12 илјади студенти, но и на нивните постари колеги во целата држава. Адеми побара од сите субјекти во образовниот процес поради актуелниот политички момент да не го злоупотребуваат образованието за политички цели.

- Сметам дека сите универзитети се подготвени за успешна учебна академска година. Министерството за образование и наука стои на располагање за сите барања на универзитетите. Се надевам дека оваа академска година нема да биде турбулентна како и претходните години и остануваме отворени за соработка со сите засегнати страна за унапредување на високото образование, изјави Адеми.

Според ректорот Амети, ДУТ секоја година прави значајни чекори во многу сегменти на своето работење почнувајќи од наставниот процес, истражувањето, меѓууниверзитетската соработка, интернационализацијата, како и со инвестиции во инфраструктурата.

- Во глобалниот свет ние имаме направено значајни чекори напред овозможувајќи им на нашите студенти да студираат во странство, главно во Западна Европа и САД во рамките на различни меѓународни проекти и програми како Еразмус, Еразмус Плус, CEEPUS, Join EU-SEE PENTA, ДААД, Fulbrigt, но и благодарение на билатералната соработка која веќе ја имаме изградено со многу престижни регионални, европски и светски универзитети. Во првиот и во вториот уписен рок за академската 2015/2016 година се запишани над 3.000 студенти, од 4.640 студенти предвидени за упис на 11 факултети, студиски програми и дисперзирани студии на овој Универзитет, изјави Амети. 

Во рамките на денешната свеченост ректорот Амети симболично им предаде индекси на неколку новозапишнати студенти на оваа високообразовна институција.

Министерот Адеми по повод почетокот на академската учебна година присуствуваше и на првиот час на Факултетот за исламски науки во Скопје. На свеченоста тој потенцираше дека со добивањето на акредитацијата од Одборот за акредитација и евалуација на високото образование, се решила долгогодишната потреба на факултетот, предавањата да се одвиваат по акредитирани наставни програми.

Со "Ориентациона недела" за новозапишаните студенти денеска започна и академската година на Универзитетот на Југоисточна Европа во Тетово, каде според ректорот Замир Дика, годинава имаат околу 900 бруцоши на сите факултети и наставни програми. 

 

 

Оцени ја веста

15.09.2015 - 14:50
Фото: 
МИА

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега