Превентивно се чисти коритото на реката Црна

Координативно тело составено од претставници на пелагониските општини и јавни претпријатија специјализирани компании за интервенции на речно корито, денеска почнаа превентивно чистење и санирање на коритото на река Црна, пренесува МИА.

Градоначалникот на општина Новаци, Лазар Котевски информира дека според превентивната програма во наредниот период ќе се чистат и санираат 30 километри од коритото за што се обезбедени 500.000 евра, средства од програмата за рурален развој.  

- Долж речното корито беа регистрирани 14 пропусти кои беа отштетни од поплавите. Најголем број се на подрачјето на општините Новаци и Могила, а две се на подрачјето на општина Прилеп. Со оваа акција ќе биде извршено затворање на пропустите, а потоа интензивно ќе се чисти и вегетацијата во речното корито бидејќи го спречува протокот на водата. Ангажиравме голема механизација за да активностите бидат навремено завршени, посочи Котевски. 

 

 

Оцени ја веста

15.09.2015 - 15:45

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега