Температурен шок - пет лица колабираа денеска

Драстичните температурни промени кои се бележат овој месец се одразуваат врз здравјето на секој поединец. Токму овие денови посебно денеска кога е значително потопло до 13 часот се регистрирани пет колапси на отворено. 

Ова денеска го изјави директорката на Здравствен дом Скопје, Татјана Баевска - Вучковиќ, која рече дека некои од граѓаните од Скопје потешко се аклиматизираат на овие временски промени. Според неа, можеби причина е некое основно заболување, меѓутоа главно се работи за лица несоодветно облечени, кои недоволно внесувале течности и поради високата температура дехидрацијата довела до колапс.

- Како и секогаш и постојано апелираме сите препораки кои ги даваме при нагли временски промени на затоплување или заладување да се почитуваат препораките бидејќи пред се самозаштитата е на прво место во вакви ситуации. Службата 194 одговара секаде каде е најпотребно, додаде Баевска - Вучковиќ.

Јованка Костовска, раководител на Секторот за превентивна здравствена заштита при Министерството за здравство истакна дека разговарале со претставници на Управата за хидрометеоролошки работи и добиле најава дека можно е во петок во некои региони да биде жолта фаза затоа што се очекуваат температури до 35 степени.

- Не сме адаптирани на овие температури бидејќи имавме многу варијации. Препораките треба да важат од денеска и сите да внимаваат и соодветно да се облекуваат, соодветно да се хранат, а постарите редовно да си ја земаат терапијата, додаде Костовска.

 

 

Оцени ја веста

15.09.2015 - 15:55

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега