САД упатија честитки до партиите за постигнатиот договор за специјалниот обвинител

САД денеска упатија честитки до политичките партии за договорот за воведување на специјалниот обвинител и за именувањето на Катица Јанева на оваа функција.

- Им честитаме на партиите за договорот што го постигнаа денеска за воведување на јавен обвинител за гонење на кривични дела поврзани и кои произлегуваат од содржината на незаконското следење на комуникациите и за именување на Катица Јанева на оваа функција. Ова назначување претставува значаен чекор кон утврдување на одговорност. Соединетите Држави, заедно со нашите европски партнери, остануваат посветени да и помогнат на Македонија да го имплементира договорот од Пржино и да продолжи по својот пат на целосна интеграција во евро-атлантските институции како динамичнa, просперитетна и мулти-етничка демократија, соопшти попладнево Американската амбасада. 

 

 

Оцени ја веста

15.09.2015 - 16:46

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега