Димовски: Да се расчисти со пропагандата и да се дознае вистината

Македонснкото собрание денеска на 68-та  седница со 111 гласа „За“ по итна постапка, беше изгласан Законот за Јавно обвинителство за гонење на кривични дела поврзани и кои произлегуваат од содржината на незаконското следење на комуникациите. По тој повод, свое обраќање на собраниската говорница имаше Координаторот на Пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ, Илија Димовски, кој потенцираше дека време е да се погледне вистината низ една формално-правна рамка како што и доликува на секоја сериозна држава.

-Со овој закон според нас дава добра можност да се расчисти политичката пропаганда и да биде ставена на една страна и да овозможиме да се дознае вистината. Тоа е она што граѓаните ги интересира. ВМРО-ДПМНЕ и Коалицјата за подобра Македонија  со сериозна политичка волја дава поддршка на законот и на одлуките кои денеска собранието треба да донесе, врз основа на вредностите во кои веруваме, а тоа се вистината правдата и почитувањето на уставот на РМ. Почитувани колеги прифаќањето на овој закон и прифаќањето на одлуките кои денеска собранието треба да ги донесе значи чекор поблиску до нови вонредни парламентарни избори. Кога граѓаните конечно ќе го дадат својот финален политички суд и ќе одлучуваат помеѓу политички опции  кои промовираат дестабилизација и деструкција и политички сили кои се обидуваат да градат и да ги подобруваат секојдневните услови за живот на граѓаните, истакна Димовски.

Тој исто така додаде дека со потпишувањето на договорите од 2 јуни и 15 јули ќе се остранат сите измислени причини за бегање и непризнавање на следните парламентарни избори кои СДСМ повторно ќе ги загуби.

-Почитувани колеги пратеници, договорот од 2ри јуни и 15ти јули ќе заврши со избори на кои СДСМ повторно ќе загуби. Но, сите постапки кои што парламентарното мнозинство ги прави и ќе ги прави во наредниот период, се со цел да ги отстраниме сите измислени причини за бегање и непризнавање на следните парламентарни избори, рече Димовски.

На крај, тој истакна дека приоритет на граѓаните е побрзо интегрирање на Република Македонија во Европската Унија и НАТО алијансата, како и економскиот развој, инфраструктурниот развој на државата, животниот стандард и новите работни места.

-Се друго може да биде приоритет на политичките партии, но не може да биде и приоритет на граѓаните, затоа нашите одлуки денеска се базираат во согласност со интесресите на граѓаните и во согласност со интересите на државата. Последните неколку месеци беа пласирани десетици и десетици, стотици и стотици шпекулации, манипулации и лаги кои беа насочени да не провоцираат нас како парламентарно мнозинство, не подлегнавме и нема да подлегнеме. Постапките кои што ги влечеме покажуваат сериозно ниво на зрелост и капацитет, додаде Координаторот на Пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ, Илија Димовски. 

 

 

 

 

Оцени ја веста

15.09.2015 - 19:55

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега