Температурен шок: До недела ќе пука сонце потоа...

Времето претпладне во Македонија ќе биде сончево и топло. Попладне во северозападните делови повторно ќе има појава на мала до умерена облачност. Ќе дува ветер од југоисточен правец.

Утринската температура ќе се движи од  девет до 17, а дневната од 27 до 33 степени.

Во Скопје времето ќе биде претежно сончево со утринска температура до 14 и дневна до 32 степена.    

Во наредните денови ќе преовладува претежно сончево време, а температурите ќе бележат пораст во петок кога е очекува да се движат во интервал од 30 до 36 степени. Благо опаѓање на температурите ќе започне од викендот, а од недела попладне ќе има и локален дожд со ретки грмежи.

УВ-индексот до сабота ќе има вредност 6.

 

 

Оцени ја веста

16.09.2015 - 08:22

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега