Пратениците со полни раце работа

 

Во Собранието на Република Македонија денеска седници ќе одржат комисиите за економски прашања, за одбрана и безбедност и за прашањата на изборите и именувањата.

На дневен ред на Комисијата за економски прашања се предлог законите за изменување и дополнување на Законот за угостителска дејност, на Законот за возила, на Законот за државната статистика, на Законот за трговските друштва, на Законот за едношалтерскиот систем и за водење на трговскиот регистар и регистар на други правни лица, на Законот за технолошки индустриски развојни зони, на Законот за контрола на предметите од скапоцени метали..., сите во право читање.

Членовите на Комисијата за одбрана и безбедност треба да ги разгледаат измените и дополнувањата на Законот за производство и промет на вооружување и воена опрема, Предлог-одлуката за изменување на Одлуката за испаќање на припадник на Армијата на Република Македонија за учество во мировната операција на Европската унија „Алтеа“ во Босна и Херцеговина и Предлог - законот за безбедност на сообраќајот на патиштата во второ читање.

Комисијата за прашањата на изборите и именувањата ќе ги утврди Предлог - одлуката за дополнување на Одлуката за избор на претседател, членови и заменици-членови на Советот на Собранискиот канал и Предлог - одлука за дополнување на Одлуката на составот на Буџетскиот совет на Собранието на Република Македонија. 

 

 

Оцени ја веста

16.09.2015 - 09:20

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега