Од Гевгелија кон Табановце утрово заминале околу 600 мигранти

Околу 600 мигранти утрово со првиот воз од железничката станица во Гевгелија заминале кон Табановце, додека во текот на вчерашниот ден заминале четири специјални возови со околу 2.500 мигранти, информираат од железничката станица, пренесе МИА.

Сумираните резултати од вчерашното транзитирање на мигрантите низ Македонија во изминативе два дена укажуваат на извесно смирување на состојбата на јужната граница и на намалување на бројот на бегалци кои преку Грција пристигнуваат во прифатниот камп во Гевгелија.

Според УНХЦР и Меѓународниот Црвен крст, бројот на мигранти кои пропатувале вчера од Гевгелија до Табановце изнесува околу 3.000, а дел од мигрантите за превоз користат автобуси и такси возила.

Црвениот крст соопшти дека вчера во прифатниот камп во Гевгелија биле поделени 85 пакети со храна и вода, шест ќебиња и 75 пелени и дека биле направени 360 медицински интервенции во кампот, без потреба од болница.

 

 

Оцени ја веста

16.09.2015 - 10:43

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа