Голем пожар во Крива Паланка

Два хектара борова шума и сува трева изгореа во пожар во кривопаланечкото село Габар вчера попладне.
 
Командирот на Територијалната противпожарна единица од Крива Паланка Иле Коцевски информира дека во гасењето на пожарот учествувале шест пожарникари кои на терен излегле со две возила.
 
- Теренот беше тешко пристапен, а до местото на пожарот не можевме да пристапиме со возила, па нашите пожарникари го гаснеа рачно. Пожарот беше локализиран дури по час и половина од излегувањето на местото, а беше ликвидиран за околу два часа, изјави денеска Коцевски.
 
Во пожарот не е настаната голема материјална штета, но, според Коцевски, поради горливоста на материјалот и високите температури, на терен останала да дежура екипа од едно возило со четворица вработени од Јавното претпријатие „Македонски шуми“, Шумско стопанство „Осогово“, подружница од Крива Паланка.
 
Од почетокот на септември екипите на ТППЕ интервенирале на осум пожари на подрачјето на општина Крива Паланка, а изминатиот месец во општината се случиле 14 пожари.
 

 

Оцени ја веста

16.09.2015 - 10:45

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега