Драма во Кочани: Му влегол во двор и му ставил бомба

21-годишниот кочанчанец Б.М. си заработи кривична поради постоење основи на сомнение дека сторил кривично дело „неовластено изработување, држење, посредување и тргување со оружје или распрскувачки материи“ и кривично дело „предизвикување општа опасност“. Тој како што соопшти денеска МВР, откако неовластено набавил рачна бомба кашикара постар модел со запалка од рачна бомба, отишол на улицата Гоце Делчев во Кочани и во дворното место од семејната куќа на лице од Кочани позади задното лево тркало од неговото патничко моторно возило „Мерцедес“ ја поставил бомбата и употребил непозната запаллива материја при што дошло до експлозија и целосно опожарување на возилото, со што предизвикал и значителна опасност за животот и телото на луѓето.

 

 

Оцени ја веста

16.09.2015 - 12:22

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега