Неверојатна приказна: Бети по 23 години ја пронашла мајка си додека чекала на шалтер

По цели 23 години, Бекира Ерчег Бети ја пронашла мајка си додека чекала ред на шалтер. Бети немала лесно детство. Некогаш со семејството живеела во Босна, а потоа се преселила заедно со 7-те браќа и сестри во Хрватска. Родителите се раздвоиле, па дел од децата останале со мајката, дел заминале со таткото.

Бети отишла да чека ред на шалтер, а тогаш една госпоѓа ја пуштила преку ред. Таа почнала да плаче кога ги видела цртите на лицето на својата мајка по цели 23 години. Била упорна и рекла: Ти си мојата мајка, бидејќи и било страв дека ако не ги изговори овие зборови ќе се кае цел живот.

Двете пред сите присутни почнале да се прегрнуваат, да се бакнуваат и да плачат. Некои луѓе кога разбрале што се случува заплакале за нив. 

Двете жени сега ќе се гледаат секој ден за да го надоместат загубеното време низ годините.

 

 

Оцени ја веста

16.09.2015 - 12:38

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега