Страшна сообраќајка на булеварот “Борис Трајковски"

Едно лице е тешко повредено во сообраќајна несреќа која утринава се случила на булеварот „Борис Трајковски“. Како што пишува Курир, во несреќата тешко повреден е 36 годишен скопјанец. Истата се случила при судир на мотоцикл кој го управувал сега повредениот и автомобил „Фиат“ управуван од Н.Н. (36).

Со возило на Брза помош, повредениот мотоциклист И.Ѓ. бил пренесен во Ургентниот центар каде му биле констатирани тешки повреди.

 

 

Оцени ја веста

16.09.2015 - 12:49

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа