Ставрески: Намалувањето на невработеноста најголем успех на Владата

Намалувањето на невработеноста од 38 проценти на 26,8 проценти е најдобриот резултат на Владата во последниве девет години, истакна вицепремиерот и министер за финансии Зоран Ставрески одговарајќи на новинарски прашања при денешната посета на Прилеп.
 
Ставрески потенцира дека невработеноста во Македонија е намалена за една третина и оцени оти тоа е резултат на макотпна работа на Владата и спроведени бројни реформи. Интенцијата е стапката на невработеноста  до крајот на 2017  и почетокот на 2018 да се симне под 22 проценти.
 
- Бројните реформи за намалување на невработеноста почнаа уште од 2006 кога ги намаливме даноците на рамен данок од 10 проценти кој во практиката е 7,4 проценти, со што Македонија има најниски даноци во Европа. Стапката на ДДВ е меѓу најниските, но и другите трошоци за фирмите преку регулаторната гилотина, преку помошта тие да може да го откупат земјиштето по поволна цена, некаде по едно евро за квадрат како што е во зоните, и преку решавањето на другите прашања од имотно-правна природа, царините. Сите тие политики помогнаа конечно „да се скрши мразот“ и осетно да се почувствува дека проблемот со невработеноста се решава. Помногнаа и можностите за вработување што ги создадовме, како на пример, преку проектот „Македонија вработува“, само во Прилеп за пет месеци има 357 нови вработувања, изјави Ставрески.
 
Според него, има простор за натамошно намалување на стапката на невработеност и треба да се продолжи во иста насока.
 
- Посветени сме на креирање и на одржување добри услови за домашните фирми, решавање на прашањата и истовремено, активно привлекување на странските фирми кои отвораат илјадници работни места како што е „Дрекслмаер“ во околината, како „Гентерм“ во Прилеп каде веќе има 340 вработувања и очекуваме бројката да стигне до 2.000 вработувања, а има најава и за други странски инвестиции. Сето тоа го склопува мозаикот дека почнуваме да го решаваме клучниот проблем на граѓаните – невработеноста, рече Ставрески.
 

 

Оцени ја веста

16.09.2015 - 14:27
Фото: 
МИА

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега