ГРИЖАТА ПРОДОЛЖУВА: Државата ќе гради дом за стари лица со ниски пензии

Старите лица кои имаат ниски пензии и не можат да си дозволат да бидат згрижени во приватните старски домови, ќе бидат прифатени во нов дом за стари лица.

Премиерот Никола Груевски при денешната посета на Клиниката за Гинекологија истакна дека, Владата планира изградба на изградба на нов дом за стари лица, односно за лица чии пензии се толку ниски што не може да бидат прифатени во приватните старски домови.

-Сакаме да помогнеме да се зголеми капацитетот на државните старски домови, но не сакаме да им бидеме конкуренција на приватните. Од една страна тие помогаат со згрижување на стари лица кои имаат потреба од такви домови, а од друга страна не ја вршат работата за оние пензионери кои имаат пониски пензии и немаат имот. Нашата одлука е да почнеме градба на нов старски дом, прво во Скопје, а потоа и во други градови во Македонија кои ќе ги згрижуваат лицатакои  не можат да бидат прифатени во приватните домови, истакна Груевски.

Тој додаде дека ќе бидат внимателни, бидејќи како што посочи, како Влада сакаат да се развие и приватниот сектор.

Премиерот истакна дека во изминативе неколку години отворени се 17 нови старски домови кои апсорбираат околу 600 лица. Во моментов во Скопје е исполнет капацитетот во државните домови.

-Она што ние го планираме е речиси дуплирање на овој капацитет, изградба на нов дом кој ќе се одвива во три фази. Првата фаза ќе биде за 170 лица ќе чини околу 1 милион евра. Министерството за труд и социјална политика во наредните две-три недели ќе ги започне постапките за проектирање на старски дом. Во втората половина на идната година откако ќе биде избран проектант и откако ќе биде објавен јавен повик за изведувач на објектот, очекуваме да започне и изградбата на првата фаза, објасни премиерот Груевски.

 

 

Оцени ја веста

16.09.2015 - 14:43

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега