Груевски: Над 1,8 милиони евра ќе се инвестираат во Фондот за иновации

Во текот на овој месец ќе биде објавен нов оглас за средства за Фонтот за иновации, каде ќе се инвестираат трипати повеќе средства од минатата година.

Ова денес го истакна премиерот Никола Груевски, одговарајќи на новинарско прашање.

-Скоро заврши стариот оглас преку Фондот за иновации, се доделија средства на 16 компании и тие веќе почнаа да ги користат средствата. Следува овој месец септември нов оглас за нови средства. Претходно беа инвестирани 458.000 евра, сега ќе бидат доделени 1,3 милиони евра. Речиси три пати повеќе од првиот оглас. Дел од средствата ќе бидат искористени за старт ап компании и спин оф компании, околу 300.000 евра. Четиристотини илјади евра ќе одат за трансфер на технологии и останатите 600.000 евра ќе бидат искористени за комерцијализација на иновациите. Дополнително, до крајот на оваа година уште 500.000 евра ќе бидат инвестирани за акцелератори на новите компании, кои имаат иновации добиле поддршка од државата и треба да го забрзаат нивниот раст, изјави Груевски.

Во наредните три месеци, како што потенцираше премиерот, ќе бидат инвестирани 1,8 милиони евра.

 

 

Оцени ја веста

16.09.2015 - 14:54

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа