Пуштена во употреба новата спортска сала во Липково

 

Учениците и наставниот кадар од основно училиште „Дитурија“ од Липково од денеска ќе имаат можност редовно да ја изведуваат наставата по физичко образование во новоотворената спортска сала во ова училиштe.

Министерот за образование и наука Абдулаќим Адеми, лидерот на ДУИ Али Ахмети и градоначалникот на општина Липково, Садула Дураку, присуствуваа на пуштањето во употреба на  втората спортската сала во ова општина, која е дел од проектот за изградба на 145 спортски сали. За салата која има површина од 650 метри квадратни, Министертвото за образование и наука инвестираше 23 милиони денари или 430.000 евра.

- Ова е втора сала во липковско, првата е во Слупчане, 650 метри квадратни, 23 милиони денари или 430.000 евра финансирани од Министерството за образование и наука во соработка со општина Липково. Може да се користи за повеќе намени, но пред се за одржување на часовите по физичко образование. Во тек е изградба на многу други сали на ниво на Македонија, ова се гради се со цел за усовршување и модернизирање на училишната инфраструктура, за напредок на спортот и на образованието. Се залагаме секој ученик во Македонија да има соодветни услови за образование, изјави министерот Адеми.

На свеченото пуштање во употреба на новата спорстка сала присуствуваше и лидерот на ДУИ Ахмети, кој изјави дека задача на општеството е да се унапредуваат условите за образование на децата.

- Првенствена задача на општеството е да се унапредуваат и усовршуваат условите за образование на децата во општеството. Во рамките на оваа мисија и платформа ние се залагаме да изградиме услови многу подобри од оние кои вчера ги имале децата. Ние преферираме да бидеме дел на Европа, во Европа се бараат стандарди како политички, државнички, исто така со модерна инфраструктура. Ние треба да продолжиме бидејќи работите не завршуваат со оваа и со другите спортски сали и другите дела изградени во Липково бидејќи пред нас има десетици задолженија за граѓаните на Липково, рече Ахмети.

Пуштањето во употреба на новата спортска сала, оценува градоначалкникот на Липково, Садула Дураку е пример за соработка меѓу локалната власт и централна власт. Со условите кои се овозможени, тој се надева дека учениците ќе постигнуваат врвни резултати.

- Ваква соработка очекуваме и за други капитални проекти во општината Липково со залагање и соработка на локалната власт со централната власт општина Липково од рурална средина се претвора во урбана средина, изјави градоначалникот Дураку.

Во училиштето „Дитурија“ настава следат 430 ученици од прво до деветто одделение.

 

 

Оцени ја веста

16.09.2015 - 15:12
Фото: 
МИА

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега