ФОТО: Исполнето уште едно ветување - нова лабораторија на скопска Гинекологија
Лабораторија за ин витро фертилизација замрзнување на полови клетки и ембриони денес беше промовирана во Јавната здравствена установа „Универзитетска клиника за гинекологија и акушерство“ - Скопје.
Лабораторијата е исполнување на уште едно ветување на владата, а истата е набавена преку министерството за образование и наука.
Инвестицијата во оваа лабораторија изнесува околу 15 милиони денари, а како што посочи премиерот Никола Груевски, таа веќе се користи и дава добри резултати.
-Се радувам што она што го замислувавме и го ветувавме на изборите, сега е ставено во употреба и се користи. Веќе го користат стотици граѓани, некои со успех, некои понатаму очекуваат успех, истакна Груевски.
Во посета на оваа лабораторија заедно со премиерот денес беа министерот за здравство Никола Тодоров и заменик-министерот за образование и наука, Спиро Ристовски.
Оцени ја веста
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа