Ставревски: Во ноември почнува изградбата на патот Дреново- Плетвар

Во ноември ќе почне изградбата на патот Дреново-Плетвар, инвестиција од 42 милиони евра, најави денеска потпретстедателот на Владата и министер за финансии Зоран Ставревски, при престојот во Прилеп.

- За околу два месеца, во ноември ќе почне изградбата на патот Дреново-Плетвар, онаа најлоша делница што е околу клисурата. Ќе биде изграден пат со по две ленти во двете насоки, инвестиција од 42 милиона евра што ја поддржува Европската банка за обнова и развој. Верувам дека тоа ќе помогне, во голем дел, да се подобрат условите за прилепските стопанственици, но и за граѓаните кои секојдневно го користат тој пат, рече Ставревски.

Министерот за финансии нагласи дека Владата останува посветена на поддршката на Прилеп. Не само со овој проект, туку и со други проекти, меѓу кои е и Пречистителната станица.

 

 

Оцени ја веста

16.09.2015 - 16:31

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега