Детски плач и повик за помош- изгоре автобус кој се враќааше од Парга

Автобус  полн со патници кои  се враќаа во Србија по летувањето на грчкиот остров Парга, изгоре на само половина час по тргнувањето. 

-Кратко по нашето тргнување, забележавме дека во автобусот  има чад. Нашите возачи веднаш излегоа надвор и се обидоа да го изгаснат огнот со апарат за гаснење пожар. Но, огнот растеше и се ширеше со неверојатна брзина. Патниците  успеаја да излезат на време, но мислам дека околу 80 проценти од багажот изгоре, вели дописникот на српски Курир, Игор Кем, кој бил меѓу патниците, но во вториот автобус. Тој додава дека патниците биле во паника бидејќи се плашеле да не експлодира автобусот. 

За среќа, никој од патниците не е повреден освен нивниот бакаж. 

 

 

Оцени ја веста

16.09.2015 - 16:48

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега