Вучиќ: Ќе ги штитиме граѓаните и територијата, ЕУ треба да реагира

Српскиот премиер Александар Вучиќ вечерва го осуди бруталното однесување на унгарската полиција кон бегалците на граничниот премин Хоргош и нападите врз новинари, повикувајќи ја ЕУ да реагира.

Тој порача дека Србија ќе се однесува одговорно и ќе ги штити своите граѓани и територијата, додавајќи дека за в петок е закажана седница на Бирото за координација на безбедносните служби.

Вучиќ во изјава за РТС од Вашингтон истакна дека членките на ЕУ мора да се однесуваат согласно европските правила и вредности и побара од Унијата да реагира.

- Србија знае да ја штити својата земја, националното достоинство и својата територија, а ако биде потребно и од ЕУ ќе ги штитиме европските вредности, нагласи српскиот премиер.

Дачиќ потенцира дека Србија, не по своја вина, е доведена во тешка ситуација, но со одговорна и сериозна политика ќе му помогне на својот народ и на никој нема да му дозволи „да не понижува или фрла солзавец на наша територија“.

 

 

Оцени ја веста

16.09.2015 - 21:38

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега