Пресврт во случајот со сообраќајката во која згаснаа три млади животи

Енис Кајовиќ од Нови Пазар со својот Голф не ја предизвикал страшната сообраќајка во која загинаа три млади момчиња, туку виновник за големата загуба и трагедија е 21-годишниот Алмир Хајровиќ кој бил зад воланот на Мерцедесот.

Иако се мислеше дека голфот кој го претекнувал Мерцедесот го направил хаосот, сепак истрагата покажува дека се случило обратно од тврдењето на младото момче. Мерцедесот всушност претекнувал и го подудрил голфот, загубил контрола и излетал од патот. Автомобилот падна од 30 метри висина.

Инаку, 17-годишниот Елемдин Тутиќ, 20-годишниот Фарис Шемсовиќ и една година постариот Мерван Џанковиќ се жртвите на сообраќајката. Нивните другари кои биле во автомобилот со нив, 21-годишниот Алмир Хајровиќ и 23-годишниот Ален Шмајовќ, се во животна опасност и лекарите и натаму даваат се од себе за да ги спасат.

 

 

Оцени ја веста

17.09.2015 - 09:59

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега