Сообраќаен карамбол во Скопје: Повредени двајца возачи, пешак, велосипедист и возач на мотор

Во текот на изминатите 24 часа на подрачјето на Град Скопје од страна на сообраќајната полиција извршен е увид на вкупно 12 сообраќајни незгоди.

Од нив, четири се со последица материјална штета и пет се со последица телесна повреда, во кои со полесни повреди се здобиле двајца возачи на патничко моторно возило, еден пешак, еден велосипедист и еден возач на мопед.

Се случиле и три незгоди со последица тешка телесна повреда во кои со тешки телесни повреди се здобиле еден возач на патничко моторно возило и двајца сопатници, а со полесни повреди тројца возачи на патничко моторно возило и пет сопатници.

Во текот на изминатиот ден од страна на сообраќајната полиција откриени и санкционирани се осум возачи кои не го почитувале ограничувањето на брзината на движење, шест возачи поминале на црвено светло на семафор, четворица возачи се исклучени од сообраќај поради управување на возилото под дејство на алкохол и осум пешаци кои поминале вон обележан пешачки премин или, пак, поминале на црвено светло на семафор. Санкционирани се и 12 возачи на велосипед со мотор, мопед и мотоцикли кои сториле прекршоци по разни основи.

Со помош на специјалното возило „пајак“ во текот на вчерашниот ден од страна на сообраќајната полиција отстранети се 38 возила кои го попречувале нормалното одвивање на сообраќајот.

Денеска Отсекот за превенција при Единицата за безбедност во патниот сообраќај ќе одржи сообраќајна поука со почеток во 19 часот во просториите на Полициската станица од општа надлежност Гази Баба на која ќе присуствуваат граѓани учесници во сообраќајот кои сториле прекршоци по разни основи во својство на пешаци.  

 

 

 

Оцени ја веста

17.09.2015 - 11:53

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега