Мафијашка пресметка: Со 6 куршуми го убил кога излегувал од вежбалницата

Вистинска мафијашка пресметка во Србија. Со шест истрели од огнено оружје утрово околу 9 чсот убиен е Горан Петровиќ Пета (48) во српската јавност познат како еден од највисоко рангираните луѓе во хиерархијата на т.н. Крушевачки мафијашки клан во Србија.
Тој бил убиен кога излегувал од локалната теретана. Во него пукал се уште непознат напаѓач со фантомка на главата кој веднаш побегнал.
Пета важел за најблизок соработник наоран Јотиќ Јотка кој отслушува затворска казна од 12 години за рекет.
И Петровиќ и Јотиќ биле уапсени во 2003 година во акцијата „Сабја“ по што беа испратени на отслужување на затворските казни од каде Пета излегол неодамна.
Уште додека бил во затвор, Петровиќ се оженил а кум му бил првиот човек во т.н. „Ветернички клан“ Ненад Опачиќ кој беше убиен на сличен начин во март годинава.

 

 

Оцени ја веста

17.09.2015 - 12:10

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега