Скопски крадци. Украле сеф - полицијата ги фатила со него

Полицијата ги приведе четворицата скопјени кои вчера извршиле кражба на сеф од ТА „Авто Атом“ Кочани.

- СВР Штип по преземени мерки и дејствија откри и приведе четири лица: М.К.(23), Љ.Љ.(21), А.И.(22) и  К.А.(24) сите од Скопје кои на вчера извршиле тешка кражба во  ТА „Авто Атом“ Кочани од каде одзеле метална каса – сеф. По брзата интерванција на полицијата на ул.„Димитар Влахов“ во Кочани  извршен е преглед на патничкото возило „Голф“ со скопски регистарски ознаки  при што е  пронајден  одземениот сеф и  лицата се приведени. Извршен е увид, запознаен Јавен обвинител и по целосно комплетирање и документирање  на настанот ќе биде поднесена кривична пријава, соопшти МВР.

Четворицата скопјани се познати извршители на вакви и слични кривични дела.

 

 

Оцени ја веста

17.09.2015 - 12:41

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега