Гостивар: Тие се веселеле, таа преживеала хорор

Вчера околу 22 часот и 30 минути во Гостивар на улицата „Браќа Гиноски“ во дворот од куќата на  63-годишниот С.С. неговата сопруга, 51-годишната  Д.С. била повредена во пределот на коленото на десната нога во вид на црвенило. Увидна екипа од Полициската станица Гостивар излегла на местото на настанот и извршила увид, при што се подигнати две парчиња тврд предмет, а при извршениот разговор со двете лица тие изјавиле дека слушнале пукотници во вид на огномет од правец од угостителски објект кој бил лоциран во близина на куќата.

Полицијата презема мерки за целосно расчистување на случајот.

 

 

Оцени ја веста

17.09.2015 - 12:31

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега