УМС на ВМРО-ДПМНЕ: Во Куманово се ветува а не се исполнува

Во Куманово се ветува, а не се исполнува. Кејот на реката Кумановка, Градскиот и Соколанскиот парк се само дел од запуштените  јавни градски површини во општината, реагираат од Унијата на млади сили на ВМРО-ДПМНЕ од Куманово.

-Зоран Дамјановски- Циц е градоначалник кој од премногу работа нема време да ги испромовира своите проекти во општина Куманово. За таа цел, Унијата на млади сили на ВМРО-ДПМНЕ, денеска ќе го промовира проектот Кеј на реката Кумановка. Кејот е проект на кој особено е горд градоначалникот Дамјановски. Кејот внимателно се оддржува од страна на општинските власти на Куманово, па за таа цел, ние ќе ви ја презентираме моменталната состојба на кејот и упатството за движење по истиот, а потоа вие оценете ја реалната состојба. Шеталиштето на кејот е во катастрофална состојба со искршени бехатони и големи дупки, а воедно изобилува и со големи количини на смет од кои се шири непријатна миризба, но тоа не е се, во текот на вечерните часови го чуваат кучиња скитници кои не секогаш им дозволуваат на граѓаните да се движат по него. Огромните треви кои се израснати се природни змијарници во текот на топлите денови и никој не ги коси се додека самите не се исушат по природен пат, велат од УМС.

Од Унијата на млади сили на ВМРО-ДПМНЕ потенцираат дека ниту Градскиот, ниту Соколанскиот парк не се поразлични од коматозната состојба на кејот.

-Гледајќи ги овие состојби на градските јавни површини, УМС им препорачува на сите граѓани на општина Куманово доколку сакаат да прошетаат некаде задолжително да ги следат нашите совети, да земат маски за спречување на вдишување на бактерии или да земат гас-маски па дури тогаш да прошетаат низ градот, во спротивно вашето здравје ќе биде загрозено. Господине Дамјановски, вие сте човекот кој е лицето на градот, но не заборавајте дека и состојбата на градот е вашето лице. На младите во Куманово им е смачено да го гледаат нашиот град како од ден на ден се уништува, подвлекуваат младите од ВМРО-ДПМНЕ.

Од УМС додадваат дека во Куманово се ветува, а не се исполнува.

 

 

Оцени ја веста

17.09.2015 - 14:24

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега