Мајката на малата Маша во очај: Ме обвинуваат дека сум се договорила да ми го киднапираат детето

Родителите на двегодишната Маша Пренковиќ која беше киднапирана од рацете на својата мајка во населбата Браќа Јерковиќ се соочија со нова непијатност. Имено, дознаваат дека еднн француски весник ги обвинува родителите дека однапред го договориле киднапирањето на нивната ќерка. 

- Тоа  не беше киднапирање, туку договорено изнајмување на дете, за кое Пренковиќ земаа 850 евра. Обвинетите за киднапирањето Себастијан Бранши , Пренковиќ го пронашол преку пријател од Франција кој со нив однапред за се се договорил, вели новинарот на францускиот лист „Индепендет“. 

За потестување, двојката  Мишел Себастијан (46) и Сандрин Горен (50), како и нивната ќерка Кристел (26) се уапсени на 13 март откако од раце и ја земеле на мајката Мирјана својата ќеркичка. Во Обвинителството досега проговорила само Сандрин која тврди дека сакале да го однесат девојчето во Франција, а при тоа да ја употреби бракоразводната парница против сопругот која е во тек. Очигледно, тие планирале да ја изведат Маша пред судот се со цел да приложат нејзина ДНК и да докажат дека таа не е ќерка на Мишел.

 

 

Оцени ја веста

17.09.2015 - 14:15

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега