ВМРО-ДПМНЕ: СДСМ сака дивеењето по улици да го внесе во Собрание

СДСМ и неговите пратеници, уличната демократија односно „дивеењето по улиците“ во Градот Скопје што го имаа изминатиот период, се обидоа да го внесат и во Собранието на Република Македонија, реагираат од владејачката партија.

Во продолжение следува интегрален текст од изјавата на пратеникот на ВМРО-ДПМНЕ, Крсто Мукоски

 

Денес би сакал со жалење да констатирам дека СДСМ и неговите пратеници, уличната демократија односно „дивеењето по улиците“ во Градот Скопје што го имаа изминатиот период, се обидоа да го внесат и во Собранието на Република Македонија, грубо кршејќи го Деловникот за работа на Собранието на Република Македонија, оневозможувајќи им на пратениците од владеачкото мнозинство согласно Деловникот за работа да ги остварат своите права.

За жал, денес бевме сведоци дури и на лични изјави на челниците на Пратеничката група на СДСМ дека тие, повторувам тие, ќе ни дадат можност да учествуваме на седницата на Комисијата за финансирање и буџет, ќе ни дадат можност да дискутираме и ќе ни дале можност да покануваме невладини организации да присуствуваат на таа комисија, како да ние сме кај нив дома на приватен имот, а не во Собранието на Република Македонија за да ни даваат можност и право да работиме.

Сакам да ве известам дека Пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ и коалиционите партнери нема да го дозволат тоа без разлика за која политичка структура или пратеничка група се работи.

Ние ќе продолжиме да работиме согласно Деловникот за работа на Собранието на Република Македонија и или ќе ги поставиме принципиелно, колегијално и колективно сите дилеми и прашања за кои што ќе разговараме и за кои што понатаму ќе дискутираме во работните тела или нема да го дозволиме овој начин и пристап на делување на опозицијата, се разбира со сите оние модалитети кои што ни ги дава Деловникот за работа на Собранието.

За жал, денес бевме сведоци на поканети невладини организации токму од групацијата на СОРОС, кои што не знам од кои причини моите колеги од СДСМ само нив ги поканиле, најверојатно нивниот капацитет е толкав па имаат потреба од помош токму од тие организации.

Ние како Пратеничка група, им кажавме дека никогаш, ВМРО-ДПМНЕ и коалиционите партнери не бегаат од дебата, не бегаат од јавни расправи и од учества на невладини организации и тела во работата на комисијата, меѓутоа дека сето тоа треба да се спроведува со претходен договор и согласно Деловникот за работа.

Во врска со законот кој што беше предложен и кој што побаравме од принципиелни причини да биде ставен наместо прва, трета точка, неговата оправданост и интересот се гледа токму по присуството на само една невладина организација, а беа поканети над 10-тина да учествуваат во денешната расправа токму за овој закон. 

Ве замолувам да не следите и понатаму, ќе ги слушнете и нашите аргументи како владеачко мнозинство, зошто овој закон не треба да помине и не е во интерес ниту на државата, ниту на граѓаните на Република Македонија. 

 

 

Оцени ја веста

17.09.2015 - 15:41

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега