ИЗЛОЖБА: Автентични и егзотични фотографии од мобилен телефон

Со почеток во 21 часот, на терасата на покривот од катната гаража „Македонска фаланга“ во Скопје ќе се одржи втората по ред изложба со избор на објавени фотографии на Instagram снимени од Слободанка Тренчева – Боте, #botovacha. 

Со претставување на автентични, егзотични фотографии направени со мобилен телефон, ќе се долови секојдневието на обичниот корисник од Инстаграм, една од најпознатите социјални мрежи за споделување на фотографии.

„И повторно, Боте прикажува како масовната визуелна култура зацвсрстува одредени репрезентации и типови на карактери во нашата колективна свест“, истакнува Антони Мазневски, академски сликар и куратор на овој несекојдневен и интересен артистички настан.

ffotoo33

За дополнување на #instacool атмосферата со музички перформанс ќе се погрижат DJ Зоки Бејбе (instagram/zokibejbe) и DJ Вишко (instagram/wish.ko).

Сите урбани македонски ликови и посетители на инстаграм профилот на #botovacha ќе бидат дел од оваа уникатна изложба.

 

 

Оцени ја веста

17.09.2015 - 16:27

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега