И утре топло време - погледнете кога ќе залади

Времето утре ќе биде сончево и доста топло со слаб ветер претежно од северен и североисточен правец. Утринската температура во земјава ќе биде во интервал од 11 до 19, а дневната од 30 до 36 степени. УВ=6

Во Скопје утре времето ќе биде сончево со слаб ветер од североисточен правец. Утринската температура ќе се спушти до 17, а дневната ќе достигне до 35 степена.

Во сабота ќе се задржи претежно сончево и доста топло време. Во недела попладне ќе има развој на нестабилна облачност со локален пороен дожд и грмежи. Пообилни врнежи се очекуваат во недела преку ноќта и во понеделник, особено во западните и северните делови. Дневната температура ќе опадне за 7 до 10 степени во споредба со утрешната.

 

 

Оцени ја веста

17.09.2015 - 18:07

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега