ВИДЕО: И Хрватска ќе ја затвори границата кога бројот на мигранти ќе достигне 15.000

Хрватска веќе втор ден прифаќа мигранти и се соочува со многу проблеми - ограничени залихи на храна, вода, превозни средства.

„Ние не сме земја која не е солидарна, но во овој момент бараме да се запре приливот на мигранти кои се допуштаат во земјата“, пренесува за Хрватска, српски Курир.

Во Хрватска денес до 12 часот влегле 7300 мигранти. Оваа цифра е далеку поголема од очекуваната.

Денеска околу 18 часот, Хрватска најави дека ќе мора да започне да ја затвара границата кон Србија, доколу има дополнителен прилив, односно доколу се исполни бројката од 15.000.

Погледнете ја состојбата таму:

 

 

 

Оцени ја веста

17.09.2015 - 18:39

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега