Мирчев: Одлуката на Владата за номинација на Керим за генерален секретар на ОН е правилна

Професорот и поранешен амбасадор Димитар Мирчев во изјава за МИА го поздрави и поддржа номинирањето на д-р Срѓан Керим за генерален секретар на Обединетите нации од страна на Владата на Република Македонија. 

- Номинацијата е многу значајна не само за Керим, туку и за Република Македонија, па и за регионот. Се уште не е определен регионот, мислам дека тоа е средна и источна Европа. Претпоставувам дека  има и други кандидати, меѓутоа Керим со своето искуство и во ОН и во Македонија и по своето присуство во различни региони на светот - Азија, Америка, Африка... има реални шанси за таа позиција, која е многу важна во ОН, рече Мирчев и додаде дека државата треба да се заложи дипломатски и надворешно-политички таа позиција да му се обезбеди на Керим, односно да се добие соодветна поддршка кај членките на ОН.

Д-р  Срѓан Керим е поранешен шеф на македонската дипломатија и 62-ри претседател на Генералното собрание на Обединетите нации. Одлуката за неговото номинирање за генерален секретар на ОН  Владата ја соопшти денеска. 

Источноевропската група во ООН, на која припаѓа и Република Македонија, во ноември 2014 година зазеде заеднички став дека следниот генерален секретар на светската организација, по основ на системот на ротација, би требало да биде избран од нејзините редови.

 

 

Оцени ја веста

17.09.2015 - 19:46

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега