Хаос на Балканот: Мигрантите од Хрватска влегуваат во Унгарија

Околу 200 бегалци попладнево влегоа во Унгарија од територијата на Хрватска, јави унгарската телевизија М1. 

Според телевизијата, бегалците ја минала хрватско-унгарската граница во дел во кој немало погранична контрола.

Од 15 септември во Унгарија стапија во сила законски измени за миграцијата и контрола на границата, поради што унгарските власти ја затворија границата кон Србија и воведоа построги мерки за контрола на влезот на имигранти.

Поради ова, последниве два дена поголем број бегалци што се наоѓаат во Србија, наместо кон Унгарија се упатија кон Хрватска, со намера од таму да го продолжат патот кон западноевропските земји.

 

 

Оцени ја веста

17.09.2015 - 20:39

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега