Собранието ќе гласа за продолжување на рокот за кризна состојба

Собранието денеска на 70-тата седница има единствена точка на дневниот ред - Предлог-одлука да се одобри продолжување на рокот за постоење кризна состојба до 15 јуни 2016 година поради зголемен обем на влез и транзитирање на мигранти низ територијата на Република Македонија.

Предлогот го донесе Владата на РМ на вчерашната седница затоа што истекува првичниот рок од 30 дена на важењето на одлуката за постоење кризна состојба, која беше донесена на седница на Владата на 19 август. 

 

 

Оцени ја веста

18.09.2015 - 09:22

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега