Хан во Македонија на средби со политичките лидери

Комесарот за проширување и соседска политика на ЕУ Јоханес Хан, кој престојува во дводневна посета на Македонија, денеска во Скопје ќе разговара со македонските политички лидери за  спроведувањето на договорот за надминување на политичката криза, за Пристапниот дијалог на високо ниво (ХЛАД),  за текот на реформите и за мигрантската криза.

Хан ќе има одделни средби со премиерот Никола Груевски и со претседателите на СДСМ Зоран Заев, на ДУИ Али Ахмети и на ДПА Мендух Тачи. Тој ќе учествува на состанокот за Пристапниот дијалог на високо ниво, како и на седницата на Националниот совет за евроинтеграција.

Еврокомесарот, како што соопшти неговиот кабинет, ќе се сретне и со претставници на граѓанското општество, а предвидено е да го посети и прифатниот центар за мигранти во Гевгелија.

 

 

Оцени ја веста

18.09.2015 - 09:33

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега