Мафијашки: Убиен предводникот на Делиите во Нови Сад

Со серија истрели од огнено оружје, вчера вечерта во Ветерник, Нови Сад убиен е 21 годишниот Александар Рогановиќ, познат како предводник на навивачите на Црвена Ѕвезда, Делии.
Српските медиуми пишуваат дека станувало збор за класична мафијашка егзекуција.
Рогановиќ се враќал кон својот дом кога кон него биле испукани повеќе куршуми.
Досегашната истрага покажува дека Рогановиќ најверојатно го препознал напаѓачот па се обидел да побегне.  Не успеал во тоа. Полицијата се уште трага по убиецот.
Рогановиќ од порано и бил познат на полицијата. Тој заедно со својата група како што наведуваат српските медиуми, редовно го тероризирал Нови сад.

 

 

Оцени ја веста

18.09.2015 - 10:57

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега